Нов објект на домот за стари лица „Зафир Сајто“ во село Проевце, модернизација и проширување на капацитетите во домот, субвенционирање на домашната нега и помош за пензионерите со попреченост, поддршка на дневните центри за дружење, грижа и психосоцијална подршка, поддршка за домување за ранливите категории пензионери, ваучер за користење на кумановска бања се само дел од проектите и активностите во Програмата на Движење ЗНАМ -За наша Македонија со кои, како што велат од партијата „ќе ја покажеме нашата благодарност и грижа кон највозрасните сограѓани“.
„Вистинската сила на едно општество не се мери само со новите згради и патишта, туку со почитта кон оние што ја трасирале патеката пред нас. Затоа, Куманово го градиме како општина со душа, општина што слуша, разбира и подава рака. Општина во која постарите не се заборавени, туку ценети и вклучени. Создаваме заедница во која секој повозрасен човек ќе се чувствува сакан, почитуван и сигурен. Тоа е нашата визија, тоа е нашата обврска, рече на денешната прес-конференција Гордица Бошковска, кандидат за советник од Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Куманово.