По повод светскиот ден на млекото директорката на Бучен Козјак, Наташа Бојковски Денковска, потпиша договор за донација со д-р Оливер Зафировски, директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија.
Средствата од донацијата ќе бидат наменети за реновирање и унапредување на просториите на Клиниката, со цел создавање подобри услови за пациентите и медицинскиот персонал.
„Веруваме дека оваа поддршка ќе придонесе кон поквалитетна здравствена грижа и подобро искуство за сите кои секојдневно ги користат услугите на оваа здравствена установа“, објави компанијата.