„Во прво одделение досега се запишани 863 ученици, додека во истиот период минатата година биле запишани 904. Од вкупно запишаните, само 91 ученик во подрачните училишта, што пак директно влијае врз формирањето на паралелките“, истакна раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ на вчерашната седница на Советот на Општината. Процесот на оптимизација во основните училишта веќе се спроведува, но засега не се планира затворање на училишта, информираше Јовановиќ.