Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека ноќеска на булеварот „Октомвриска револуција“ бил лишен од слобода 23-годишен кумановец. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф “ со кумановски регистарски ознаки, и по извршени проверки било констатирано дека возилото кумановецот го управувал без положен возачки испит.
По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.