Младите невработени лица до 29 години, долгорочно невработени и корисниците на гарантирана минимална помош денеска имаа можност да присуствуваат на презентацијата на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година. Обуката ја одржаа претставници од Министерсвото за економија. Во тек се три активни повици во рамки на мерката – Поддршка за самовработување (претприемништво).
На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, Весна Пешова – зам. директор на АВРМ и Даниела Димовска, директор на ИНОВА.
Досега 163 лица од Куманово аплицирале на јавниот повик за програмата за самовработување, а на ниво на државата има повеќе од 2.400 апликации, информираа денеска надлежните.