Ветерот оштети покрив на зграда во центарот на градот

Оштетен покрив на зграда во централното подрачје, по синоќешниот ветер. Просторот околу зградата е ограден со полициска лента која укажува на опасност, поради надвиснатиот покрив. На терен интервенираше екипа на противпожарната единица Куманово.

Надлежните информираа дека истиот е подигнат и преклопен, и мора итно да се санира. Од општинскиот инспекторат за домување треба да извршат увид на местото на настанот и и да се констатира дали зградата е управувана согласно Законот за домување, дали има управител или заедница на сопственици.

– Ако има управител, тогаш ќе се задолжи да се донесе нужна одлука за санирање на поривот, ако не, тогаш, сопствениците на посебните делови сами треба да го реализираат тоа, сами да одлучат и веднаш да го санираат покривот, изјавија од општинскиот инспекторат за домување. Просторот сè уште е означен со полициска лента.

Освен оштетениот кров, ветерот предизвика проблеми и во стариот градски парк. Откорнати се неколку дрвја.

 

Коментари

коментар(и)