Вечерва претставата „Паника во хотел Палас“ на Театар Струмица
Во рамки на фестивалот „Денови на комедија“ вечерва во Центарот за култура ќе се изведе претставата „Паника во хотел Палас“ на театар „Антон Панов“ од Струмица.
Станува збор за дело во режија на Коле Ангеловски, а по текстот на Реј Куни. Играат актерите Бранко Бенинов, Кољо Черкезов, Горан Ников, Игор Тодоров, Коста Ангов, Оливера Аризанова, Ванчо Василев, Анкица Бенинова и Јасмина Вучкова.
До крајот на фестивалот остануваат уште шест претстави.