(ВИДЕО) Аџико хоум центар со нов продажен салон во Куманово

Аџико хоум центар со нов продажен салон и во Куманово. Подароци, попусти од 15 до 70 проценти и акциски цени во наредните две седмици подготви за своите купувачи тимот на Аџико. Понудата  на новиот продажен салон ги задоволува вкусовите  на сите клиенти од најмалите до највозрасните, новогодишни украси, играчки, бебешка опрема, електрични апарати, апарати за готвење, предмети за домаќинство, ламинат, санитарии.

„Секогаш купувајте кај компаниите каде човекот е на прво место“, порачува тимот на Аџико. За потрошувачите тимот на Аџико подготви и клуб картичка за лојалност по промотивна цена од само 99 денари.

„Се купува еднаш- трае засекогаш“, велат од продажниот салон, изјави Магдалена Атанасовска, раководител во Аџико хоум центар

Продажниот салон се наоѓа на улицата „Железничка“, спроти касарната Боро Менков, веднаш до Риверсофт.