(ВИДЕО) Еден нов случај на ХИВ/СИДА годинава во Куманово

Први декември се одбележува како Светски ден за борба против ХИВ/СИДА. Од јануари до 30 ноември годинава регистрирани се вкупно 42 нови лица со потврдена ХИВ/СИДА-инфекција, меѓу кои и еден граѓанин на Куманово. Според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, сите новодијагностицирани се од машки пол. 36 лица од новооткриените се заразени со ХИВ, а шестмина се болни од СИДА.

Во земјава четири лица починале од СИДА во 2021 година.

Најмладите заразени се на возраст од 20 до 24 години, а најмногу (13 случаи) се помеѓу 35 и 39 години. Две лица со ХИВ се во возрасната групата 50 до 54 години.

И натаму, најмногу регистрирани со ХИВ/СИДА се во Скопје – 17 лица, четворица  во Битола, по тројца во Прилеп, Штип,  Велес и Струмица, по двајца со ХИВ/СИДА се дијагностицирани во Кавадарци и Тетово и по еден случај има во  Демир Капија, Гевгелија, Гостивар, Кратово, Куманово и Охрид.

Темата на Светскиот ден за борба против СИДА за 2021 година е „Крај на нееднаквостите, крај на СИДА-та“.