(ВИДЕО)ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ: Кумановец од Украина, амбасадата задоцни со евакуациите

Оливер Трајковски, кумановец кој живее и работи во Украина, Доњецка област, во ексклузивно интервју за ТВ Плус раскажува за актуелните случувања во оваа земја по воениот напад. Трајковски кој живее во градот Горат Покровски, вели дека во нивната област е безбедно. Нема пукотници, продолжува нормалното секојдневие, маркетите и продавниците се отворени, луѓето одат на работните места. Овој град се наоѓа на околу осум часа возење од Киев. Но, кумановецот кој од 2016-та година живее во Украина, со забелешки до македонската амбасада, бидејќи не биле навремено известени и не им била пружена помош за евакуација. Во моментов вели побезбедно е да останеме во Горат Покровски, отколку да се обедеме да ја напуштиме земјава.  ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ЦЕЛОСНИОТ РАЗГОВОР!

 

Коментари

коментар(и)