(ВИДЕО)Илиевски: Итна замена на водоводната мрежа на „Никола Тесла“

„Замена на водоводната мрежа и решавање на атмосферската канализација е првиот приоритет по завршување на изборите на СДСМ затоа што во 21 век веќе не треба и не смее да се зборува  за водовод, канализација и улици“, истакна денеска пред граѓаните на улицата „Никола Тесла“,  кандидатот за градоначалник на општина Куманово, Оливер Илиевски, вклучувајќи ги и селата Љубодраг, Умин дол, Ново село, Романовце, Агино село, Биљановце.

-По деталното скенирање кое се вршеше во текот на измината година низ сите месни заедници, населби, маала, улици, за „НиколаТесла“ како приоритети кои се ставени во нашата Програма е реконструкција на водниот режим и замена на азбестните водоводни цевки и решавање на проблемот со атмосферската канализација. Кумановци заслужуваат чиста вода за пиење, рече Илиевски.

Илиевски потенцираше дека предвидена е и изградба на пешачка патека и зазеленување на просторот, проект кој што граѓаните од овој дел на градот одамна го бараат. Подобар општествен живот за сите, за младите, за пензионерите, за ранливите категории со акцент на лицата со попреченост ветува Илиевски.

-Во програмата „Најдоброто за Куманово“, предвидуваме изградба на пешачка патека покрај реката Којнарка од нас.Средорек па сé до училиштето „КироБурназ“.По должина на патеката предвидено е и хортикултурно уредување кое ќе придонесе за раззеленување на самата локација, како и изградба на тротоар кој е неопходен особено доколку се земе во предвид дека овде поминуваат ученици од едно подрачно основно и едно средно училиште. Нашата програмска определба е обезбедување на повисоко ниво на поддршка од страна на Општината. Мора да имаме детско катче, мултифункционално игралиште и катче за пензионери во секоја населба.

Поддршката на лицата со попреченост е во насока на рушење на комуникациските и физичките бариери, преку организирање разни проекти од областа на спортот, уметноста и културата, изградба на адаптирани спортски училишта, рече Илиевски.

„Ја бараме вашата поддршка да ги продолжиме успешните политики на централната власт и на локално ниво“, потенцираше Илиевски.

 

Коментари

коментар(и)