(ВИДЕО)Павловски: Учениците се безбедни во „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“

-Со назначувањето на нова директорка на ООУ „Браќа Миладиновци“ во месец август 2020 година затекната е состојба каде кровниот покривач на
централната училишна зграда има големо протекување на вода за време на врнежи и со мал обем. Истото, имаше негативно влијание на воспитно образовниот процес.

За оваа состојба, актуелниот и независен кандидат за градоначалник Максим Димитриевски издал итна насока за изготвување на проект за Санација на кров-замена на кровен покривач на училиштето „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ од страна на општината.

Тој, како татко на градот, не бил воопшто известен и запознаен за состојбата од претходната директорка на училиштето, која патем денеска се наоѓа на листата за советници од редовите на СДСМ на претстојните локални избори, каде носителка на листата е Атина Мургашанска која одржа прес-конференција на оваа тема.

Каква е оваа непрофесионалност? Ваш кандидат за советник, кој претходно бил директор на училиштето не информирал никого за оваа состојба со училиштето, а денеска без никаква совест држите прес-конференции каде сакате да ја префрлите вашата одговорност на Максим Димитриевски!?

За информирање на јавноста, јавното претпријатие „Куманово план “ Куманово изработи проект со кој на 23.11.2020 год. училиштето аплицираше по јавен оглас за финансирање на проекти за реконструкција на училишен објект објавен од Министерството за образование и наука.

Проектот е одобрен, истиот излегол на 28.09.2021 год. во Службен весник и е во постапка за прибирање на изведувач.

За ова училиште издвоени биле средства со кои е извршена привремена санација од протекување на кровот, додека и официјално не отпочне имплементацијата на проектот за Санација на кров замена на кровен покривач.

Најважно од се, учениците се безбедни во училиштето. Тие ја следат наставата во слободните училници и во информатичките кабинети, рече на прес-конференција Николај Павловски, кандидат за советник

 

Коментари

коментар(и)