(ВИДЕО)Јаневски: Ќе го подобриме образованието

-Секторот образование е во нашиот фокус за инвестирање во следниот мандат на раководење на општина Куманово. Во програмата на концептот „За наше Куманово“ , за таа цел ги предвидуваме следните проекти:  градиме нов средношколски центар за ученици од паралелките во СОУ Гимназија „Сами Фрашери“ и паралелките од ОСТУ „Наце Буѓони“, во село Пчиња следува реконструкција на подрачното училиште „Браќа Миладиновци“, а ќе изградиме и нов спортски комплекс, во нашиот план е доградба на нови капацитети во основните училишта „Наим Фрашери“, „Бајрам Шабани“, како и „Кочо Рацин“, рече Драган Јаневски, од граѓанска иницијатива „За наше Куманово“

Коментари

коментар(и)