(ВИДЕО)Јован Трајковиќ од „Магдалена Антова“ победи на „Детски семафор 2021“

Ученици од седум основни училишта денеска се натпреваруваа на традиционалната манифестација „ Детски семафор 2021“ за основните училишта на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. „Годинава, натпреварувањето се реализираше во две фази“, информира Бојан Петковски од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

-Натпреварувањето се реализира во две фази, екипно натпреварување на сите училишта со тоа што во екипното сите поединци кои што беа најдобри од секое од училиштата што се пријавија за натпреварувањето добија можност денеска да возат велосипед и со тоа да видиме кој од учениците ќе биде најдобар во поединечна конкуренција. Имаме обезбедено награди, медали и пехари за поединци и за екипните победници, изјави Бојан Петковски, Општински совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

„Ова е уште една активност на СВР Куманово- Отсек за превенција која што се однесува на подигање на свеста за безбедно учество во сообраќајот на велосипедистите, првенствено на младите и малолетни лица односно учениците како возачи на велосипеди во сообраќајот, истакна началничката на Отсек за превенција, Виолета Богдановска.

-Се реализираше теоретски дел и практична примена со што сакаме да влијаеме кај сите други да ги почитуваат најмладите како учесници во сообраќајот без разлика  дали се пешаци во близина на училиштата или во местата каде што живеат или како учесници во сообраќајот со велосипед, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција во СВР Куманово.

Прво место на денешниот натпревар освои Јован Трајковиќ, осмоодделенец во основното училиште „Магдалена Антова“, второто место му припадна на Ѓорѓи Анѓеловиќ, ученик од осмо одделение во „Карпош“,  с.Умин дол и трето место, Илина Арсовска, ученичка во ООУ„ Кочо Рацин“.

Претходно во екипното натпреварување првото место му припадна на основното училиште „Браќа Миладиновци“, второто на „Толи Зордумис“, а третото место го поделија екипите од основните училишта „Христијан Карпош“ и „Кочо Рацин“.

 

Коментари

коментар(и)