(ВИДЕО)Кумановци се вакцинираа на градскиот плоштад

На градскиот плоштад кумановци вчера имаа можност да се вакцинираат или да добијат дополнителни информации во однос на вакцините во рамките на активностите од карванот за промоција на вакцинацијата против ковид во организација на Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ. И вчера како и изминатиов период најголем интерес имаше за примање на третата доза на вакцина.  Вакцинацијата ја спроведоа вработените во Здравствен дом Куманово.

– Досега во нашиот пункт се аплицирани над 105.000 вакцини, тренд кој постепено се намалува, но ја искористивме можноста да апелираме до сите граѓани што побрзо да дојдат да се вакцинираат, да го направат тоа за своето здравје, но и за здравјето на нивните најблиски. Досега единственото оружје докажано како ефикасно за спречување на тешките форми на Ковид-19 и смртта секако е вакцинација. Затоа, Ве очекуваме дојдете што побрзо да се вакцинирате, изјави д-р Монализа Мемети, Здравствен дом Куманово

Лекарите, но и граѓаните со апел до своите сограѓани да се имунизираат што поскоро за да ги избегнат потешките форми на вирусот.

Карванот на министерството за здравство продолжи денеска во село Матејче, општина Липково.

Активностите за вакцинација против ковид-19 започнаа од 21 март, а ќе бидат  опфатени 14 локални заедници низ државата.

 

Коментари

коментар(и)