(ВИДЕО)Општината инвестира во поквалитетно образование

Општина Куманово интензивно ги подобрува условите во училиштата преку реконструкција на објектите, фасадите, замена на кровот, прозорците, вратите. Еден од приоритетите на локалната самоуправа е вложување во унапредување на образованието, создавање услови за реализација на квалитетна настава, обезбедување на социјална заштита  во рамките на своите надлежности за сите засегнати групи на граѓани, со фокус на децата и повозрасните, преку повеќе проекти. Ова го потврдуваат проектите кои  што периодов се реализираат во повеќе основни и средни училишта.

Активно се работи на поставувањето на енергетско ефикасна фасада на гимназијата „Гоце Делчев“. Завршена е целосна реконструкцијата на кровот на гимназијата, обновен е кровот во училишната спортска сала, а претходно беа заменети сите прозорци со нови ПВЦ прозорци. Набавени се 430 полиуретански столови, нова спортска опрема за гимнастика и спортски реквизити, како и дополнителна опрема за музичкиот кабинет во Гимназија „Гоце Делчев“.

Во тек е изградба и на нова енергетско ефикасна фасада на училишниот објект на „Перо Наков“ и нова ограда на училишниот двор. Партерно е уреден училишниот двор. Набавени се 200 столчиња и 100 клупи, како и 97 компјутери и 7 смарт табли за опремување и модернизација на кабинетите по информатика во матичниот и дисперзираниот објект на училиштето СОУ „Перо Наков”. Поставен е нов систем за греење во училишната спортска сала. Извршена е замена на старата столарија со нова ПВЦ столарија, а старите врати во внатрешниот дел на училиштето се менуваат со нови врати.

Се реконструираат и санитарните јазли во основното училиште Вук Караџиќ, а планирана е изградба на нова енергетско ефикасна фасада и поставување на нова капија на училишниот двор. Тоалети се реконструираат и во училиштето „Битолски конгрес“ во село Лопате.

Во тек е и реконструкција на училишната зграда во ООУ „Карпош”, во село Умин Дол, со која е предвидено реконструкција на кров, подови и тоалети, нови прозорци и врати, нова енергетско ефикасна фасада и нов систем за греење.

Се реконструира и кровот на ООУ „Кочо Рацин”, подрачно училиште во с. Биљановце, а предвидена е и изградба на нова енергетско ефикасна фасада на целиот училишен објект.

Изминатите четрии години се реализираа над 160 проекти и активности за подобрување на условите во општинските училишта, се реконструираа фасадите, се адаптираше пристапот за лицата со попреченост, се обезбеди дигитална опрема, смарт табли, нагледни средства , се градеа спортски терени и училишни спортски сали.

 

Коментари

коментар(и)