Димитриевски со реакција на протестот на превозниците

По протестот на дел од автобуските превозници во Куманово, преку соопштение реагираше градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Во реакцијата се вели:

-Протестираа дел од фирми превозници во градот под наводно образложение дека не се почитува законот од страна на општина Куманово. Токму неколку од тие фирми кои го поттикнаа и организираа протестот на име училишен превоз од буџетот во последните петнаесет години имаат инкасирано 912.268.000,00 денари (над 14,8 милиони евра), плус дополнително наплатени билети за јавен превоз на граѓаните а притоа услугите кои ги добивавме за нив најдобро сведочат граѓаните, нередовни линии, стари возила, неистакнат возен ред и.т.н). Бидејќи договорот кој беше склучен во 2016г. пред да бидам избран за градоначалник истече, редно е Куманово да добие јавен превоз како што му доликува на еден модерен и урбан град каков што сакаме да го трансформираме сите. Значи не се протестира од страв за граѓаните, се протестира поради профитот кој што се остварува без притоа да се исполнат стандардите на општината на јавниот оглас, а воедно се блокира превозот во општината и се вршат обиди да се манипулираат граѓаните. Јас ќе продолжам да се водам по граѓанските и јавни интереси, личните амбиции на поединци кои имаат бизнис-политички мотиви нема да ме спречат во намерата да продолжам да работам за наше Куманово.

Коментари

коментар(и)