(ВИДЕО)Продлабочување на соработката помеѓу културните центри од Куманово и Софија

Преку взаемни посети, театарски претстави, изложби, настапи на оркестри Куманово и Софија, преку центрите за култура ќе ја продлабочуваат соработката, која и досега е на завидно ниво. Директорот на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски посочува дека минатонеделната посета на културниот центар во Софија ќе резултира со успешни културни настани годинава и во двете земји.

-Најпрвин договориме посета на кумановскиот Театар со претстава во град Ловеч, а исто така и тие со нивна театарска претстава да дојдат на „Денови на комедија“ во Куманово во октомври, годинава. Договоривме и нашиот Младински оркестар при центар за култура „Трајко Прокопиев“да настапи таму во центарот за култура во Софија. Договоривме и некои изложби и поетски читања, односно бугарски автори да дојдат во Куманово. Тоа би се реализирало  во текот на месеците мај, јуни и се надеваме на една успешна и плодна соработка со нив, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“

За околу еден месец се очекува првата театарска премиера годинава. Станува збор за претставата „12 гневни луѓе“, информира Тодоровски.

-Во моментот во Театар Куманово, односно во центарот за култура се подготвува претставата „12 гневни луѓе“, премиерата ја очекуваме на осми април, доколку се биде во ред. Во оваа претстава играат актерите од Театар Куманово во режија на Ирена Штеријовска, очекуваме дека ќе биде добра театарска претстава. Ова е прва театарска претстава оваа година во Театар Куманово, изјави Тодоровски.

По оваа претстава, ќе следи премиерното издание и на детската претстава „Волкот и трите прасиња“, која веќе е подготвена, соопштија надлежните.

 

Коментари

коментар(и)