Од денеска Велигденски пост

Од денеска почнуваат Велигденските пости. Свештениците велат- постот е и телесен и духовен. Велигденскиот пост опфаќа 7 седмици. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден. Овој пост важи за најстрогиот пост во годината, бидејќи се пости на вода, со исклучок на викендите, освен кога се работи за Голема сабота, ден пред Велигден.

Се нарекува Четириесетница затоа што по 40 дена од постот, продолжува последната седмица пред Велигден, дополнителен строг пост, заради деновите на предавството, страдањата, распнувањето на крстот и погребението на Исус Христос. Таа се нарекува Страдална или Страстна седмица. Велигденскиот пост нема свој постојан датум, туку зависи од определениот датум на Велигден.

Коментари

коментар(и)