Несовесни и непознати за полицијата граѓани деновиве го оштетиле новото детско паркче помеѓу зградите кај т.н. „Мај маркет“ на „Октомвриска револуција“ во Куманово. Извадени се и украдени две лулашки, а оштетена е и останатата опрема од урбаното катче за деца.
Проектот за поставување на урбаната опрема во паркчето го реализираа невладината организација „Ромалитико“ од Скопје, со финансиска поддршка на УСАИД програмата за развој на заедницата имплементиран од Мрежата за рурален развој РДН во партнерство со ЛАГ Абер 2015 и соработниците ДРОМ Куманово и Здружението на артисти за графити и мурали Форма Куманово. На оваа тема денеска зборуваше и претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.