(ВИДЕО) Асани: Граѓаните да се вакцинираат, а вакцинираните да бидат претпазливи

Граѓаните да се вакцинираат, а оние кои што веќе се вакцинирани да бидат претпазливи бидејќи и тие можат повторно да бидат позитивни на корона вирусот, апелира претседателот на здружението на матични лекари од Куманово, д-р Фатмир Асани. Според него, основната причина за зголемувањето на бројот на ковид позитивни пациенти се присуството на граѓаните на поголемите собири, свадби каде што не се почитуваат мерките за заштита.

-Сега имаме пациенти ковид позитивни и луѓе кои примиле вакцина пред два месеца, еве доказ дека се пак корона позитивни и со тешка клиничка слика, со воспаление на белите дробови. Главната причина за поголемиот број пациенти споредбено со лани ова време е тапанот, ди-џејот, хармониката. Сега последниве денови отиде и ди-џејот и кларинетот и хармониката, а нам во Македонија ни остана само тапанот. Барам од оние кои што примиле вакцина пред два-три месеца да не се прават херои бидејќи и нив повторно ги фаќа корона и можеби се главна причина за заразување на луѓе кои можеби нема никогаш да прележат ковид 19 иако не примиле вакцина. Барам граѓаните да бидат претпазливи секаде каде што ќе одат и да се вакцинираат. Јас не сум против вакцина, но се гледа дека и вакцината не штити како што треба. Голема грешка беше што беа пуштени свадбите и други собири бидејќи главна причина се тие за зголемениот број на ковид позитивни. Бројот е далеку поголем од оној што го кажува Центарот за јавно здравје бидејќи луѓето сега купуваат тестови во аптеки кои што покажуваат можеби неточни резултати, а сепак се позитивни бидејќи ги знаеме симптомите, изјави д-р Фатмир Асани, претседател на Здружение на матични лекари Куманово

Во ординацијата на д-р Асани евидентирани се педесетина ковид позитивни пациенти, од кои што триесет веќе имаат примено вакцина. Останатите првпат се позитивни и не се вакцинирани, посочува Асани.

Коментари

коментар(и)