Пожарникарите со неколку интервенции

Територијалната противпожарна екипа Куманово во изминатиот период имала неколку интервенции. Пожарникарите интервенирале на запалена сува трева и смет во селата Клечовце, Шупли Камен, Агино село. Гаснеле трева и во месноста викана Стари лозја, како и во населба Карпош, во близина на гробиштата, стои во дневниот билтен од регионалниот центар за управување со кризи.

Коментари

коментар(и)