Здружението„ Бадникови поворки“ по седми пат го одбележа денешниот празник Бадник. На градскиот плоштад беше поставена Божиќната пештера, а беа поделени бадникови колачиња и божиќни ѕвезди на случајните минувачи. Претходно, на неколку локации во градот беа поставени кутии за донации, а со средствата беа подготвени пакети за семејствата во социјален ризик. Химна на Бадниковите поворки е песната Вечниот Бог.