ВИДЕО: Боксерот Бајрам Мамутовски со златен медал во Романија

Градоначалникот на општина Куманово денеска оствари средба со 17 годишниот боксер Бајрам Мамутовски од БК „ Куманово 84” кој што освои златен медал на Балканското првенство за јуниори и младинци во Валчеа, Романија.

На средбата градоначалникот Максим Димитриевски му честиташе на Мамутовски за освоениот златен медал, со кој се закити младиот боксер во категорија до 48 килограми. Тој се бореше во конкуренција на 120 боксери од 14 држави во категоријата до 48 килограми.

Мамутовски  годинава освои и сребрен медал на меѓународен турнир во Бања Лука, а беше прогласен за најдобар боксер на турнир во Лесковац и на турнирот „Мирослав Петровиќ” во Куманово. Тој е актуелен првак во државата во неговата категорија.

Коментари

коментар(и)