ВИДЕО: Васиќ и Бабовиќ: Куманово има театарска публика која наградува, затоа со задоволство играме

Кумановската публика ја познава комедијата и знае да ги награди актерите, затоа со задоволство учествуваме на овој фестивал. Се коментарите на актерите од Приштинско народно позориште, кои синоќа во рамки на фестивалот „Денови на комедија“  ја изведоа претставата „Сумљиво лице“. Станува збор за дело работено по текстот на Бранислав Нушиќ, а во режија на Милан Нешковиќ. Играа Милан Васиќ, Игор Дамњановиќ, Александра Цуциќ, Тамара Томановиќ, Аника Грујиќ, Бранко Бабовиќ, Никола Ѓорѓевиќ, Александар Михаиловиќ, Зоран Мијатовиќ, Ивица Јевтиќ, Бранко Јаниќиевиќ, Урош Антонијевиќ.

Фестивалот Денови на комедија продолжува и наредните денови. Организаторите информираат дека над 4.000 посетители проследиле барем една од првите шест комедии. Остануваат претставите на театрите од Битола, Тетово, Велес и Куманово. За дел од комедиите се уште можат да се најдат карти.  Првата реприза на кумановскиот театар е закажана веднаш по премиерата, на 15-ти во сабота.

Коментари

коментар(и)