Еднократна парична помош за пензионерите со ниски примања во овој момент не е предвидена за оваа категортија граѓани од општинскиот буџет , рече на денешната прес-конференција раководителот на секторот за култура, спорт и социјална заштита Александар Крстевски откако вчера голем број пензионери за потребните документи за наводната помош во износ од 6.000 денри ги блокираа банките, управата за јавни приходи и архивата на општина Куманово. Дека станува збор за дезинформација, на прес-конференцијата потврди и претседателот на здружението на пензионери Куманово, Благе Јакимовски.
-Забележавме турканици, пензионерите доаѓаат, прашуваат што им е потребно да користат парична помош. Тоа не е вистина. Засега нема најава дека ќе има помош за оваа категорија граѓани. Претпоставувам дека слушнале дека ќе има антикризни мерки или слично како за стопанство, така и за граѓани. Но мора да ги повикам дека во овој момент нема такво нешто, изјави претседателот на здружението на пензионери, Благе Јакимовски.
Општина Куманово доделува еднократна парична помош на лица од социјален ризик, но само за некои исклучителни состојби, но не и за пензионерите со ниски пензии, потенцира Крстевски.
– Еднократна парична помош од буџетот на општината се дава на лица семејства од социјален ризик заради зголемена потреба од подолго лекување, оперативен зафат, поради смрт во семејства од социјален ризик поради долготрајно лекување во државава или странство, лица или семејства на кои им се неопходна помош во износ од 15.000 денари, утврдени врз основа на приложена документација, по извршен увид од комисија, се изглегува на терен, се врши категоризација, по што следува одговор. За пензионерите има мерка за субвенциониран градски превоз за оние со пензија од 13.000 денари, изјави Крстевски.
Јакимовски посочи дека нивните членови не се задоволни од висината на зголемување на пензиите, со оглед на енормноот згиолемување на цените на храната, енергенсите.
– Нашите членови не се задоволни од последното зголемување на пензиите. За оние со 11 или 12.000 денари зголемувањето е само 900 денари што е недоволно од сегашната инфлаторна, енергетска, економска криза со која генерално се соочуваме. Час поскоро Владата ќе мора да најде начин преку новите антикризни мерки и да им помогне на нашите пензионери, ќе најдат некоја формула да им помогнат на пензионерите со ниски примања. Здружението на пензионери минатата година подели 800 ваучери со по 1000 денари за пензионерите со ниски примања, а посетиле и поделиле помош на пензионерите во поодминати години кои не можат да се грижат за себе, изјави Јакимовски.
На денешната прес-конференција надлежните најавија бесплатен превоз, секој ден за пензионерите со најниски примања. Од 15 октомври, годинава пензионерите со ниски примања можат да го посетата здружението (кај стара црква), да понесат фотокопија од лична карта и последен чек од пензија, ќе им се подготви месечен билет за градски превоз.