ВИДЕО: Викендов изложби на расни кучиња на градскиот кеј

На градскиот кеј викендов ќе се одржат изложби на расни кучиња. Изложбите како и претходните години ги организира Кинолошкото друштво „Кинолог“ од Куманово, а во соработка со Македонски клуб на Кавкаски овчар.

Претседателот на кинолошкото друштво, Марко Митровски најавува учество на кучиња од земјава, соседството но и други европски земји. Во недела ќе се одржи и специјализирана изложба за кавкавски овчари.

-Имаме покането повеќе судии од Македонија и Србија. Тоа се искусни, меѓународни судии кои учествувале на европски, светски изложби така што ќе биде фер, коректно и се надевам дека сите ќе бидат задоволни. Очекуваме гости со искуството од претходните години. Пред се од соседството од Србија, Бугарија, лани имавме од Естонија, Финска, Франција и оваа година имаме добиено пријави од Србија, Бугарија, Грција, Франција, Романија, Албанија, Германија ги очекуваме и оваа година да дојдат-нагласи тој.

Изложбите на градскиот кеј ќе започнат во 10 часот. Предвидени се награди за најдобрите. Организаторите задоволни од поддршката која што ја добиле од општината, но и спонзорите.

Коментари

коментар(и)