(ВИДЕО) Во североистокот неопходни сервиси за жртвите од семејно насилство

Во североисточниот регион мора да функционираат специјализирани сервиси за жените жртви од семејно насилство и нивните деца. Засега функционира само едно советувалиште во рамки на центарот за социјални работи во Куманово, покажува Анализата на Националниот ромски центар, Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство и Здружението Мајка. Локалните единици, во соработка со надлежните државни институции и граѓанските организации, мора да развијат конкретни планови и програми.

 

Коментари

коментар(и)