ВИДЕО: Во тек се акции за заловување на кучиња скитници во Куманово

Во општина Куманово во тек е заловување и третман на кучиња скитници. Изминативе денови заловени се 10-ина кучиња. Кумановци постојано алармираат на проблемот со кучиња скитници. Тие често и пријавуваат во општината.

Комуналните редари информираат дека акцијата се спроведува во црнтралното подрајче, но и во населбите. Од март досега се заловени 70-ина бездомни животни.

Пријави велат има најчесто од локациите каде што има храна, ресторани, сендвичари.

Коментари

коментар(и)