(ВИДЕО) Второ пријавување на идните средношколци

Денеска и утре заклучно со 15 часот е второто електронско пријавување на идните средношколци. Вкупно 153 слободни места има во гимназијата „Гоце Делчев“, а средното училиште „Наце Буѓони“ располага со 139 слободни места за ученици со настава на македонски јазик и 172 места за ученици на албански наставен јазик. Вкупно 311 празни места во второто пријавување. Техничкото училиште нуди машинска струка со три профили, електротехничка струка со 4 профили и здравствена струка со профилот медицинска сестра.

Слободни места има и во средното училиште „Перо Наков“ во неколку струки:  Економско-правна и трговска струка  со профилите: економски техничар , бизнис администратор,  техничар за е-трговија и дигитален маркетинг, правен техничар, текстилно – кожарска струка  и струката уметничко образование .

Во ДСУ Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ учениците можат да се запишат од една од повеќето струки: здравствена струка -фармацевтски техничар, сообраќајна струка- техничар за патен сообраќај, земјоделско – ветеринарна струка,  хемиско – технолошката струка, лични услуги и машинска струка.

Прелиминарната ранг листа на запишани ученици ќе биде објавена на 23 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mkи на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот, а истиот ден учениците ќе ја доставуваат потребната документација до училиштата, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2022 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на интернет страната на www.mon.gov.mk.

Третото пријавување на учениците ќе се врши на 28 јуни до 24.00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот. Доставувањето на потребната документацијадо училиштата е на 29 јуни од 10.00 до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2022 година, најдоцна до 12.00 часотна огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Коментари

коментар(и)