Верниците го одбележуваат празникот Педесетница (втор ден), односно слегувањето на Светиот дух на апостолите. Духовден спаѓа меѓу поголемите господови празници. Овој празник секогаш се одбележува 50 дена по Велигден, а се смета и за роденден на христијанската црква.

Голем број верници од Куманово ја посетија црквата Света Троица. По литургијата тие добија и листови од орев кои симболично го претставуваат пламенот со кој Светиот дух ги просветлил апостолите.

Педесетница е еден од најсветлите празници во христијанството и се слави три дена.

-Педесетница или денот на слегнувањето на светиот дух е почеток и роденден на нашата света црвква и од тогаш започнува делото на спасениот на апостолите кои се епископи, владици кои се корен на оние кои денеска ги имаме и свештениците и останатите во православната црква-истакна отец Игор Здравковски, од Кумановско-осоговска епархија.

Според обичаите, во недела не се оди на гробишта, туку се посетуваат светите храмови.
