(ВИДЕО) Два дена бесплатно возење на пензионерите

Кумановските пензионери со ниски примања до 11.000 денари, ќе можат бесплатно да се возат со градскиот превоз два дена во неделата, односно вторник и четврток, во наредните три месеца. Оваа поволност која неодамна ја изгласа Советот на општината, ќе можат да ја користат само членовите на Здружението на пензионери. Оттаму информираат дека пензионерите треба да достават фотокопија од лична карта и чек од пензија.

-Ние ќе ги собереме ќе им направиме картички кои тие веднаш ќе почнат да ги користат. Одлуката на Советот на општината е да ги користат во вторник и четврток, секоја недела наредните три месеци. Дознале дека е донесена одлуката и веќе имаат доаѓаат и бараат да им се издадат овие картички, ќе ја следиме состојбата и мислам дека ќе има заинтересирани пензионери кои ќе дојдат и кои ќе ги користат овие услуги на превозниците-истакна Благе Јакимовски, претседател Здружение на пензионери Куманово.

Здружението на пензионери Куманово брои 14.500 членови, но субенционираниот градски превоз ќе можат да го користат околу 5.000 лица, кои примаат пензија до 11.000 денари. Општина Куманово прв пат воведува бесплатен превоз за највозрасната категорија граѓани.

Коментари

коментар(и)