Кандидатот за градоначалник на Општина Куманово на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска од градскиот плоштад ја отпочна кампањата за претстојните локални избори.
„Куманово мора да биде нов регионален центар и движечка економска сила на овој дел на Балканот“ , порача Димитриевски.