На полноќ започна изборната кампања и ќе трае 20 дена односно до 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред изборите на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи две недели подоцна на 2 ноември.
Во Куманово ќе се гласа за 7 кандидати за градоначалник и 14 листи за советници. Кандидати за градоначалик се: Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ, Мартин Костовски од Kоалицијата на СДСМ, Мирослав Петковиќ од Левица, Селвер Ајдини од ДУИ, Виолета Арсовска од ЛДП и Арбен Етеми од ВЛЕН. Независен кандидат е Горан Стојковски – Диро.