(ВИДЕО) Димитриевски: Вложуваме во подобрување на условите и услугите за пензионерите

„Општина Куманово континуирано вложува во подобрување на услугите во Домот за стари лица „Зафир Сајто“, во соработката со пензионерите на ниво на културата и спортот , а на последната седница на Советот беше донесена и одлука за субвенционирање на јавниот превоз за пензионерите во нашата општина“, рече градоначалникот Максим Димитриевски, по денешната средба со претставници на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија и кумановското здружение. Димитриевски потенцираше дека Општина Куманово ќе продолжи да дава свој придонес за пензионерите и со понатамошната соработка ќе продолжат да обезбедуваат подобри услови за нив во сите сфери од општествениот живот.

-Целта е со овој еден ипол милион денари нашите пензионери особено оние кои што од аспект на пензиите се во понизок ранг да ги користат јавните услуги на јавниот градски превоз. Со овие скромни средства сметаме дека ќе дадеме свој придонес како општина на нашите сограѓани. Отворивме и други потенцијални теми за можна идна соработка, нашите амбиции се заеднички и се големи, можеби во иднина ќе успееме да дојдеме и до една локација за изградба на дом за пензионери во Куманово за да се зголемат постоечките капацитетите кои што ги имаме на располагање во општината, но пак ќе кажам, тоа се желби, заложби и амбиција сето почнува од тука, рече Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово

И според претседателката на Сојузот на здруженијата, Станка Трајкова на средбата се третирале  значајни прашања, материјално -социјалниот статус на корисниците на пензија, традиционалните активности што се одвиваат во здружението, со посебен акцент на социјалното домување на пензионерите.

-Тема која што станува се поактуелна во нашата држава заради тоа што доаѓа време кога пензионерот ќе мора, иако тој сака најдолго време да остане во својот дом, во својата улица, покрај своите пријатели, доаѓа момент кога тој мора да биде сместен и во соодветна институција. Имаше навистина доста предлози денеска, како оваа досегашна соработка која што била многу успешна, да се продолжи уште поуспешно бидејќи од она што беше презентирано како конкретни резултати говори дека градоначалникот на Куманово навистина се грижи за пензионерите. Се надевам дека во наредниот период од темите кои што беа опфатени особено формите и облиците на социјално домување на пензионерите тоа прашање излегува на површина и се посветува доволно вниамние. Се надевам дека во наредниот период тука ќе се фокусира градоначалникот, а се наметнува и прашањето за геријатриско сместување на пензионерите, кога ќе дојдат во онаа фаза кога не можат да бидат сместени ниту во старски дом, ниту во пензионерски дом туку ќе им биде потребна онаа посебна нега со која што се соочуваат сите семејства, рече Станка Трајкова, претседател на Сојуз на здруженијата на пензионерите на РСМ

Во здружението на пензионери „Куманово“ кое што успешно опстојува веќе 75 години членуваат околу 14.000 корисници на пензија од Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Коментари

коментар(и)