Мартин Костовски – официјално кандидат за градоначалник

-Денеска во просториите на општинската организација СДСМ Куманово, ја потпишав изјавата за прифаќање на кандидатурата добиена од месните одбори, објави попладнево на ФБ, претседателот на општинската организација и пратеник, Мартин Костовски.

Покрај пополнетата изјава и личната биографија, ја доставив и програмата со која сакам да ја побарам поддршката од мојата партија за кандидат за градоначалник на Општина Куманово на претстојните локални избори.

Во изминатите години постигнавме многу за Куманово и кумановци, а знам и верувам дека ќе постигнеме уште повеќе.

СДСМ е најдоброто за Куманово, СДСМ победува, кој и да биде кандидат на СДСМ, напиша Костовски.

Коментари

коментар(и)