(ВИДЕО) Димитриевски даде отчет за реализираното

Изградба на улици, спортски игралишта, реконструкција на училишта, се дел од реализираните проекти на градоначалникот на Максим Димитриевски, кој даде отчет по 100 дена. Нагласи дека мандатот кој што го добил од граѓаните  е мотив и одговорност за реализација на ветените проекти. Нагласи дека е започната подоготовка на теренот за изградба на вториот кружен тек во градот.

– Завршена е изградбата на улица „АСНОМ“ со тротоари; – Завршено е со асфалтирање на улиците „207“, „206“, „205“, „204“, „203“, „149“, „146“, „143“ и „145“ во населба Карпош. – Асфалтирани се улици во с. Костурник и Агино Село, а исто така асфалтирана е улица „620“ кон с. Проевце од локација Туш;
– Со бекатон се уредени улиците „Божидар Аџија“, „Боро Соколов“, улиците „33“, „3“ и „52“; – Уреден е кракот од улица „Младен Стојановиќ“, крак 1,2 и 3 од улица „Народна Револуција“ и крак од улица „Видое Смилевски Бато“. – Уредени со бекатон се и краците 1 и 2 од улицата „Есперанто“-истакна тој.

Се инвестира и во образованието, подобрување на условите за настава и работа. Се реконстурира гимназијата Гоце Делчев, се вложува и во техничкото Наце Буѓони, но и во основните улишта „Магдалена Антова“ во населба Карпош, Браќа Миладиновци и Крсте Мисирков, Битолски конгрес во Лопате, Карпош во Умин дол, Вук Караџиќ, економското Перо Наков. Согласно програмата за социјална заштита продолжуваат мерките за помош на ранливите категории на граѓани преку голем број на активности.

Со многу ентузијазам, со голема енергија, предвидуваме до 2025 година имплементација на повеќе 800 проекти од областа на инфраструктура, унапредување на образованието, спортот, културата, социјалната заштита – проекти кои ќе ја зајакнат општината и ќе отворат простор и шанса за
работа на секој млад човек. Не чека многу работа во следниот период и верувам дека заеднички без разлика на нашите политички различности Куманово ќе го направиме подобро место за живеење-посочи Димитриевски.

Димитриевски нагласи дека целосно се реконструирани и 17 соби во Домот за стари лица Зафир Сајто.  На отчетот присуствуваа пратеници, директори на установи и институции, советници и медиуми, а беше промовиран и видео запис од реализираните проекти.

Коментари

коментар(и)