Целосна реконструкција и изградба на нови тротоари на улицата „Бајрам Шабани“ најавува кандидатот за градоначалник на Кумново од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски.
„По повеќе од 4 децении, атмосферската канализација е целосно изведена, решавајќи го долгогодишниот проблем со поплавите во централното градско подрачје. Сега продолжуваме со целосна реконструкција и изградба на нови тротоари, за конечно оваа улица да стане безбедна, уредена и достојна за сите жители“, кажа Димитриевски.
„По четириесет години чекање, Куманово добива нова артерија што го поврзува градот – улица 100 ги спојува „Моша Пијаде“ и булеварот „Октомвриска револуција“. Ова не е само нова улица, ова е симбол на поврзаност и континуитет за современо Куманово!“, истакна Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник на Општина Куманово од Движење ЗНАМ – За наша Македонија.
