ВИДЕО: „Зафир Сајто“ ја одбележува Недела за грижа на стари лица
Под мотото „Сите сме нивни деца“ домот за стари Зафир Сајто од Куманово, со низа активности ја одбележува Неделата на грижа за стари лица. Целта е поголема интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот. Се одржаа работилници на кои се подготвуваа традиционални слатки, кои ги изработуваа корисниците и вработените, како и работилница ,,Магијата на есента и есенските бои”.
-Следните денови ќе имаме посета од Црвен Крст каде ќе се зборува за дијабет, ќе се одржи и слична работилница како претходните. Во петок ќе не посетат пензионерите од Здружението на пензионери Куманово кои ќе одржат претстава Госпоѓа Министерка, и во сабота ќе ја привршиме програмата со настап на нашите пријатели од КУД Српски вез од Куманово. Целта на оваа недела на грижа на стари лица како и секоја година е освен да го разубавиме престојот на нашите корисници, особено поентата е да го свртиме вниманието на јавноста кон старите лица, затоа што староста бројот се зголемува што е добро, и сите ние треба да бидеме свесни дека еден ден и ние ќе бидеме стари и да работиме на желбите, потребите на старите лица како категорија-нагласи Дејан Стојановски, директор на Дом за стари лица Куманово.
Во рамки на програмата корисниците на домот ќе уживаат во активности во духот на негување на традицијата со звуците на македонска изворна музика, ќе имаат прошетки низ градот. Домот за стари лица Куманово традиционално со различни манифестации ги одбележува позначајните датуми.