Повторно уништен семафорот на „Октомвриска револуција“

Повторно е оштетен еден од семафорите на булеварот Октомвриска револуција, на крстосницата со улицата Пионерска. Семафорот работи, но е значајно оштетен. Не е позната причината за оштетувањето.

– Општината навремено е известена и испративме екипи кои работат на поставување на семафорот, за да не се создава метеж на овој фреквентен булевар, изјави раководителката на секторот за комунални дејности, Лидија Ланг Спасовска.

Од кумановската полиција потврдуваат дека немало пријава за сообраќајна незгода ниту пак за насилно оштетување. Кумановци постојано реагираат дека поради различни причини, најчесто сообраќајани незгоди овие семафори подолг период не функционираат.

Општина Куманово во јули годинава, склучи договор со избрана компанија за одржување на вертикална сигнализација за што од општинскиот буџет одвои 1.106.034. 06 денари. На јавната набавка помеѓу четирите компании од државата беше избрана скопската компанија „Виа сигнал дооел“, се наведува на електронскиот систем за јавни набавки.

ФОТО: Герила Куманово

Коментари

коментар(и)