(ВИДЕО) „За наше Куманово“: Културни настани за сите граѓани

Со квалитетна културна и уметничка програма ќе го збогатиме социјалниот живот на кумановци. Ќе обезбедиме низа активности и настани за сите етникуми, ветуваат од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“. Кандидатот за советник, Николај Павловски, информираше дека нивната програма предвидува, кумановско културно лето на Спомен костурница, Урбан Атак фестивал на транс и техно музика и хип хоп револуција- фестивал на хип хоп и рап музика, рок фест, мото фест, детски фестивал, театар на отворено, културен центар или постојна изложбена поставка.

-Кино на отворен простор во рамките на реконструираниот градски парк, изработка на туристички водич за култура и историја на Куманово, со цел зголемување на туристички капацитети, промоции на локални атрактивни дестинации, ќе го зголемиме буџетот за културна програма на општината, ќе организираме летен филмски фестивал на отворено-истакна Павловски.

Од иницијативата За наше Куманово нагласуваат дека општината ќе биде поттик за сите млади таленти. Предвидени се и стипендии за талентирани и креативни млади, кои сакаат да творат во делот на културата и уметноста.

–Поддршка и промоција на нови филмски проекти. Заштита и ревитализација на сите објекти и локации, кои се симбол на локална култура, зачувување на локалната култура преку поддршка и стимулација на сите здруженија, кои се занимваат со творечка дејност. Ќе организираме големи културни настани, каде сите етникуми од овие простори ќе имаат можност да ги претстават своите културни вредности и симболи во рзлични креативни форми, дружејќи се и учејќи едни за други, меѓусебно препознавајќи ги своите вредности-нагласи тој.

Проектите е предвидено да се реализираат во следниот мандат, за што бараат поддршка од граѓаните.

 

Коментари

коментар(и)