ВИДЕО: Здружението „Доверба“ со проект „Со почит и разбирање“

„Со почит и разбирање“, е насловен проектот кој е продолжение на претходниот за ненасилна комуникација, медијација и почитување на разликите, што го спроведува Здружение Доверба Куманово. Проектот се реализира со поддршка на Екуменска иницијатива жена од Република  Хрватска. Вклучени се ученици од различна етничка припадност од средните училишта Наце Буѓони, економското Перо Наков и гимназијата Гоце Делчев. Целта е создавање социјална, емоционална и интелектуална клима во трите средни училишта, односно ќе се придонесе за ненасилна комуникација и подобро меѓусебно разбирање меѓу учениците.

Во рамки на проектот учениците ќе имаат можност да проследат работилници и активности, но и на завршна манифестација ќе можат наученото да го применат во пракса.

Учениците истакнаа дека со задоволство учествуваат во обуката, стекнуваат нови знаења за ненасилна комуникација и подобро разбирање.

Проектот „Со почит и разбирање“,  Здружението Доверба започна да го спроведува од 1-ви февруари, а ќе се реализира до 1-ви ноември.

Коментари

коментар(и)