Здружението Илирија од Куманово во рамките на проектот „Заедно за добро на сите“ реализираше тркалезна маса на тема: Презентации и искуства од познати личности во јавната сфера – предлози како да се подобрат меѓуетничките односи во Куманово. Партнер во проектот на Илирија е локалната телевизија- ТВ Њуз, а е финансиран од Министерството за односи меѓу заедниците на РСМ.
Учесниците на тркалезната маса имаа можност да дадат свои предлози за подобрување на меѓуетничките односи во иднина.
Претседателката на здружението Илирија Куманово и координаторка на проектот Дије Арифи посочува дека граѓаните на Куманово од различни националности треба повеќе да соработуваат, особено младата популација. Проектот завршува во октомври годинава, а завршниот настан од проектот ќе се одржи на седми септември.