Екипа на ТППЕ Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирала на опожарено патничко возило во селото Косматац, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Пожарникарите вчеравечер гаснеле пожар кој околу 21 часот започнал во селото Љубодраг, а зафатил површини и во Умин дол, Лопате и Ропаље. Горела сува трева, стрништа и нискостеблеста шума, а пожарот целосно бил изгаснат пред полноќ, информираат надлежните.