(ВИДЕО) И покрај пандемијата, пензионерите имаа успешна година

И покрај органичувањата поради ковид пандемијата, кумановското Здружението на пензионери лани реализираше знаечен дел од својата годишна програма. Поделени се 750 ваучери за пензионерите со ниски примања од 11.000 денари. На дел од членовите кои поседувале сметки од бањско лекување, им се вратени 20 проценти од средствата, а доделена е и еднократна парична помош за пензионерите кои имале оперативни зафати. Претседателот на здружението, Благе Јакимовски информираше дека лани доделиле и помош од 10.000 денари на двајца пензионери од населбата „Перо Чичо“ и село Кучкарево, бидејќи нивните домови биле опожарени.

-Ние 2021 година, изготвивме програма за активности, и мислевме дека во 2021 година ковид 19 ќе се намали, односно ќе го снема. Меѓутоа не беше така вирусот продолжи и во 2021 година и придонесе нашите активности кои беа предвидени во програмата не успеавме да ги целосно реализираме бидејќи така беа и препораките од Комисијата за заразни болесни, Министерството за здравство, Владата, за да пензионерите кои што се една од најкритичните групи за вирусот, да се заштитат. Завршивме дел од активности кои што бараа намален обем, со намален број учесници, најмногу до 8 лица, бидејќи водевме сметка за заштита од ковид 19. Во тие рамки во Куманово го организиравме општинскиот спортски натпревар, па потоа организиравме исто така на регионално ниво, Куманово беше најдобро и доби право да учествува на републичките спортски пензионерски игри, кои се организираа во Велес, и каде Куманово стана севкупен победник. Имавме и културен регионална средба на игри, ора и песни во Куманово. И потоа бевме и во Скопје, на републичките средби. Бевме и во Лесковац, на нивниот фестивал со наша играорна група и оркестар и тоа е што можевме да завршиме-истакна Јакимовски.

Од предвидените поради ковид протоколите не биде реализирани манифестациите, Шегобијна разгледница, која традиционално се одржуваше по повод, 1-ви април, Денот на шегата, Мајските ракувања, во чест на Свети Кирил и Методиј, потоа Хоровите пеат, и Куманово во срцето кое е во чест на 11-ти ноември, Денот на ослободувањето на Куманово. Од здружението најавуваат доколку дозволи здравствената состојба, годинава  програмата ќе биде многу побогата.

 

 

 

Коментари

коментар(и)