(ВИДЕО) Костовски: Вложуваме во образованието и иднината

Вложуваме во образованието, бидејќи тоа е нашата иднина истакна на прес конференција пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски. Тој нагласи дека Владата ги решава децениските проблеми со гимназијата „Сами Фрашери“, а ќе се инвестира и во реконструкција на кровот на училиштата „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“.

-СДСМ преку Владата што ја предводи обезбеди средства за изградба на нов објект во средното училиште „Сами Фрашери“. СДСМ преку Владата што ја предводи обезбеди средства за реконструкција на покривот во основното училиште „Крсте Мисирков“ и основното училиште „Браќа Миладиновци“, во центарот на општина Куманово. Септемвриската плата на наставниците во целата земја ќе биде повисока за цели 15%. Со овие убави вести сакам да посакам, во мое име и во име на социјалдемократскиот сојуз среќен почеток на сите ученици и наставници овој 1-ви Септември. За Куманово овие вести се исклучително битни. Владата донесе одлука за целосно нова изградба на училиштето „Сами Фрашери“ во Куманово кое ќе се изгради за најмногу 3 години од сега и ќе чини приближно околу 120 милиони денари. Нашите ученици кои со години учат во ова училиште посетуваат настава во адаптирани простории во зградата на поранешен ЗИК во Куманово, кои воопшто не ги исполнуваат  стандардите за реализација на образовната дејност. Објектот нема ниту двор, така што учениците излетуваат директно на улица, крајно несоодветни услови. Владината одлука предвидува средства во износ од 48милиони денари во буџетот во Министерството за образование и наука за 2023 година и дополнителни 70 милиони денари за 2024година. Објектот ќе биде изграден во земјиште во сопственост на Република Северна Македонија лоцирано во поранешната касарна во Куманово. Општина Куманово ќе ја заврши процедурата за изработка на архитектонско-урбанистички проект, а подобрување на истиот ќе започне со изработка на основен проект за изработка на нов училишен објект. МОН ќе ја спроведе постапката за избор на економски оператор, за изградба и надзор на сите градежни активности. Со тоа СДСМ решава децениски проблем поради кој дел од младите во Куманово немаа квалитетна настава во училници какви што заслужуваат. Образованието, почитувани граѓани е нашата иднина, ние вложуваме во нашата иднина, ние сакаме квалитетна и успешна генерација на ученици кои ќе учат во квалитетни училници со задоволни, мотивирани и добро платени наставници-истакна Костовски.

 

Коментари

коментар(и)