(ВИДЕО) „Крепост“ донираше на семејства во социјален ризик

Шеесетина пакети со прехранбени и хигиенски производи за социјално ранливите категории граѓани од Куманово и годинава подели хуманитарната организација „Крепост“ во пресрет на божиќните празници. Голем број поединци и компании оваа година со своите донации преку „Крепост“  им ги развеселија празниците на кумановци. Претседателот на хуманитарното здружение, Христијан Георгиевски се надева дека постапките на „Крепост“ ќе ги следат и останатите организации со цел да се поттикне хуманоста кај граѓаните.

Претходно, пред новогодишните празници „Крепост“ се погрижи и за социјално ранливите семејства од руралните средини да ги дочекаат празниците со богата трпеза.

-Како еден од ангажманите за 2022 година ќе биде повеќе да се посветиме на руралните средини околу градот Куманово каде исто така има семејства од социјален карактер, за да им обрнеме повеќе внимание и да им помогнеме во нивните тешки животни услови преку храна, правна помош, донации, соработка со институции и органи и на кој било друг начин можеме, за да им го олесниме животот, изјави Христијан Георгиевски, претседател на ХО „Крепост“

Хуманитарната организација брои над 100 члена од различни профили и професии, кои во рамките на православното учење за помош на сиромашните и болните, со својот придонес, изминативе години се трудат да помагаат на оние на кои тоа им е потребно.

 

Коментари

коментар(и)