ВИДЕО: Кумановци излегоа на протест против аерозагадувањето

Помал број кумановци излегоа на мирен протест, револтирани од загадениот воздух со кој се соочува градот неколку седмици. Под мотото „Сакам да дишам“, тие побараа да се најде загадувачот. На различни локации вообичаено во вечерните и раните утрински часови се чувствува непријатна миризба на изгорена гума и пластика. Протестот го организираа самоиницијативно, на социјалните мрежи.

-Куманово се соочува со загадување на воздухот изминативе месец дена. Ние би сакале да апелираме до властите побргу го решат проблемот за доброто на сите нас. Загадувањето трае од доцните вечерни до раните утрински часови. По социјалните мрежи се шират различни верзии за причинителот за загадувањето. Ние не сме во улога на истражители, туку едноставно како граѓани бараме што побргу проблемот да биде решен, изјави една од организаторите на протестот, Ана Денковиќ Антевска.

Државниот инспекторат за животна средина веќе изврши увид во село Табановце, на самата граница со Србија, од каде што се претпоставува дека доаѓа загадувањето. За проблемот е известен и инспекторатот на Република Србија, кој треба да утврди дали фабрика во Прешево е извор на загадувањето.

 

 

Коментари

коментар(и)