Наташа Додевска, сопственичка на Академија и фризерско студио „НАТЕ“ го отвори второто издание на Балканското шоу „Nook Interacional day 2025“ во Охрид, како минатогодишен победник на настанот, кој е во организација на Макси Ексклузив од Битола.
Додевска вели дека со задоволство го очекувала овој настан, раскажувајќи какво е чувството да се биде најдобар на интернационален натпревар.
„Имавме привилегија да го отвориме настанот. Оваа година не учествувавме во натпреварувачкиот дел бидејќи бевме победници на балканското шоу минатата година“, истакна сопственичката на студиото и Академијата, Наташа Додевска.
Нате заедно со уште две колешки од Радовиш и Прилеп, минатата година освои прво место на Интернационалниот натпревар „INTERNATIONAL NOOK DAY“, кој се одржа во Сараево.
„Темите за креација беа вода, воздух, оган и земја. Јас ја одбрав темата огин, и направив фризура која ја освои публиката и стручното жири. Многу сум горда на својот успех, бидејќи имав можност да ги претставам своите идеи и знаење на најдобар начин. Наградата многу ми значи и поради тоа што учествував на еден нов тимски натпревар“, истакна тогаш, Додевска.
Со освоената победа државата тогаш се стекна со право натпреварот наредната година да се одржи во Македонија.
На годинашното издание на балканското шоу одржано во Охрид се натпреваруваа стилисти од Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија, која е победник во шоуто.
