Последниве десетина дена значајно е намален бројот на позитивни случаи на ковид 19 во Куманово, информираат од кумановската болница. Тенденција има и за пад на прегледи но и хоспитализирани. Прегледите се намалени дури за 50 проценти.
Лекарите сепак апелираат да се внимава на протоколите за заштита, особено во периодот кој што следува, кога граѓаните имаат повеќе средби на затворен простор.
-Моментално на инфективниот оддел имаме 18 пацинети, а во модуларната има 16. Ова е едно намалување на бројката да се надеваме дека уште ќе одат надолу иако во пресрет на празниците пак треба да водиме сметка да не постои едно претерано општање, бидејќи ни оди во прилог бројките да одат надолу и оваа болест конечно да се види крајот-истакна Снежана Захариева, директорка Општа болница Куманово.
Во текот на вчерашниот ден согласно статистиката на Министерството за здравство, во Куманово беа регистирани само три ново заболени од ковид 19. Во моментов активни на вирусот се 189 лица. Од почетокот на пандемијата во најголемата општина во земјава, заедно со општина Липково, биле заболени речиси 13.000 граѓани.
